Јапонскиот архитект Шигеру Бан, познат по своите катедрали и концертни сали направени од хартија, сега дизајнира 20.000 нови домови за бегалци во северозападна Кореја, Бан ја доби наградата Прицкер за архитектура во 2014 година. Тој работеше заедно со UN Habitat на изградбата на домовите во бегалскиот камп Калобеји во регионот Туркана во Кенија.
Бан е минималист кој користи различни материјали од картон до хартија за градење и е познат по своите конструкции за итни случаи. Досега има изградено засолништа за бегалци по геноцидот во 1994 година во Руанда и во Непал по земјотресто во 2015 година. Светски економски форум пишува дека неговите хартиени куќи се користат во Јапонија, Турција и во Индија. Во Кенија, Бан има за цел да дизајнира куќи доволно едноставни за тамошните жители потоа да можат да ги реплицираат и да ги одржуваат. Во Кенија има околу 400.000 бегалци и се очекува тој број само да расте.
„Најбитно е да се дизајнира и да се конструира засилниште за кое нема да биде потребен технички надзор и да се искористат материјали кои може да се најдат локални и се еколошки. Битно е жителите да можат лесно да ги одржуваат куќите“ вели Бан. Тој направи 20 прототипови на засолништа за бегалскиот камп во Кенија.