Експерти предупредуваат дека наредните 40 години светот ќе остане без чоколадo бидејќи на билката какао и се заканува исчезнување поради глобалното затоплување, пишува британскиот медиум Metro.
Какаото расте исклучиво на подрачјата 20 степени северно и јужно од Екваторот, а за да опстои потребни се посебни услови на доволно влага и дождови.
Меѓутоа, глобалното затоплување и порастот на температурите за 2,1 степен Целзиусови може во наредните 30 години речиси и да го уништи растението, а со тоа и чоколадната индустрија, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера.
Како што температурата ќе ја суши почвата одгледувачите на какао ќе мораат своите плантажи да ги преселат во други предели каде што нема да може да се произведува доволно какао како досега поради температурите.
Просечен жител на Западот годишно јаде 286 табли чоколадо. Од деведесетите години на минатиот век и Кина, Индонезија, Индија, Бразил и Руската Федерација исто така се вклучија на пазарот со какао.
Снабдувањето, сепак, не оди во чекор со растечката побарувачка, а се верува и дека начинот на одгледуввање на самото растение е проблем бидејќи не е променет во последните неколку века.