15 дигитални алатки и апликации за да ја почнете 2018 година на вистински начин (1 дел)

- Advertisement -

Од симнување вишок килограми до штедење пари, многумина решија да сменат некои работи во новата година. Но, доколку сте некој кој има проблем со држењето до одлуките, еден од најдобрите начини да ја почнете новата година е да се организирате. За среќа, има многу апликации и дигитални алатки за достигнување на целите.

Има многу алатки кои поддржуваат различни животни стилови било да сте зависник од работа, минималист или вечен патник. Од апликација која ги персонализира настаните и контактите од социјалните медиуми до апликација која се фокусира на GPS и мапирање за да отидете навреме на сите состаноци. Entrepreneur состави листа со 15 апликации и алатки за максимална продуктивност во 2018 година.

- Advertisement -

1. Fantastical 2

Доколку сакате нешто едноставна апликација-календар, пробајте го Fantastical 2. Лесна е за користење и едноставниот формат ви овозможува да правите распоред со денови, недели или месеци однапред со сите потсетници и настани. Можете да додавате и аудиопораки на планираните настани, а опцијата Day Ticker го олеснува менаџирањето со настани и ќе бидете известени за се што следува. Достапна е за iOS по цена од 2,99 долари.

- Advertisement -

2. Accompany

Accompany ви помага да менаџирате и да правите календар на настани, но нуди и поперсонално искуство. Ве поврзува во вашиот имејл, креира профили за битни контакти и бизниси и ги става на календарот. Accompany ќе ви ги испрати информациите за личноста и компанијата со која се среќавате во Executive Briefing ноќта пред состанокот, како и контакт информации, објави од социјални медиуми или финансии за компанијата. Достапна е бесплатно за iOS.

- Advertisement -

3. Informant 5

Informant 5 е апликација за календар, задачи и белешки и нуди едноставен начин за организирање на животот. Можете да ја прилагодувате апликацијата според вашите потреби, да контролирате колку текст се гледа на екранот. Доколку често патувате, Informant 5 е особено корисна затоа што се прилагодува на различни временски зони, покажува време на патување и нуди совети за продуктивност. Достапна е бесплатно за iOS.

4. Cal

Доколку имате навистина исполнет распоред, веројатно немате време за внесување многу информации за идни настани. За среќа, со Cal нема потреба да го правите тоа. Со едноставно креирање настан и ставање основни информации како, на пример, име на ресторан, Cal сама ќе внесе контакт информации и податоци за локација. Апликацијата и визуелно изгледа убаво и додава фотографии за настаните. Достапна е бесплатно за iOS и за Android.

5. Peek Calendar
Совршена е за претприемачи кои се минималисти. Peek Calendar е една од најубавите апликации-календари. Ги прикажува само неопходните информации за настан. Може да се синхронизира со други апликации и со софтвер како iCloud и Google Calendar за подобро менаџирање и креирање настани. Достапна е за iOS за 2,99 долари.

Сподели!
- Advertisement -