Паметни влошки за чевли кои ќе ве предупредат кога сте изморени

- Advertisement -

Пред две години на CES 2016 компанијата Zhor Tech претстави паметни чевли кои можат да се обујат на нога со едноставно притискање на виртуелно копче на апликација за паметен телефон. Сега истата компанија на CES 2018 ја донесе својата најнова креација – конектирани влошки за чевли.

Влошките се опремени со сензори кои ги бројат чекорите, го детектираат нивото на замор, го анализираат држењето на телото и детектираат груби вибрации околу вас. Од Zhor Tech велат дека влошките Safety insole се дизајнирани за луѓе кои работат во градежништво или се занимаваат со слични професии бидејќи има помагаат да ја следат работната активност.

- Advertisement -

Како што пишува Engadget, доколку тој што ги носи се лизне и падне, влошките го детектираат тоа и ќе го информираат менаџерот или некој друг претпоставен на работникот. Се разбира, целиот систем доаѓа со апликација на која корисниците можат да видат детални информации во реално време и да ги споделат со други луѓе. Истата технологија може да се интегрира во ѓоновите на чевлите, но засега од Zhor Tech планираат да ги продаваат само влошките на компании кои прават обувки за побезбедно одење од септември годинава по цена од 149 долари.

Сподели!
- Advertisement -