Со Vip Roam Surf безгрижно користење мобилен интернет и во  странство

- Advertisement -

Во периодот на празнување, зимскиот училишен распуст и зимски одмори, Вип уште еднаш ги потсетува своите корисници кои патуваат во странство за роаминг пакетите со кои можат да сурфаат опуштено и при тоа да имаат целосна контрола над трошоците.

Постпејд корисниците на мобилната телефонија можат да одберат пакет Vip Roam Surf 200 или Vip Roam Surf 500 со кои добиваат мобилен интернет за само 249 денари за 200MB односно 500MB  за 499 денари.  Пакетите се активираат со испраќање на СМС порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500 во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети  или да продолжат да користат интернет по намалени цени.

Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Вип со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. Ова превентивно исклучување трае 30 дена од активирање на пакетот. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг-пакет.

- Advertisement -

Пакетите Vip Roam Surf 200 и  Vip Roam Surf 500 важат во следните земји и оператори: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрватска, Vodafone Грција, Vodafone Турција, A1 Австрија, A1Словенија, Velcom Белорусија и FL1 Лихтенштајн.

Сподели!
- Advertisement -