Oд претпријатието за државни патишта во земјава уверуваат дека до крајот на годинава на сите наплатни страници, долж коридорот 10 патарината ќе се плаќа електронски- со при пејт каритчки. А на коридорот 8 се очекува до крајот на следната година. Веќе се обезбедени 500 илјади картички. Цената на картичките ќе се движи од едно до две евра. Возилата пак кои се постојано на пат- камионите, комбињата кои вршат достава ќе користат тагови кои ќе чинат од 10 до 20 евра
Модерниот начин на наплата на патарината ќе ја намали потребата од човечки фактор. Во Македонија во моментов има десет наплатни станици, но ќе се градат уште четири плус. Две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делицата Миладиновце- Штип.
Во Европската унија исто така се подготвува за промена на системот за наплата на автопатите, со тоа што патарината ќе се наплаќа според моделот на помината делница на автопатот, а не со вињети како што беше досега.