Саудиска Арабија на жителите ќе им дава пари за да ги надомести повисоките трошоци за живот

- Advertisement -

Саудиска Арабија планира на своите жители да им даде вкупно 13 милијарди долари преку посебна програма за да им ги надомести се поголемите трошоци за живот. Кралот Салман бин Абдулазиз Ал Сауд и нареди на владата на државните службеници да им исплаќа по околу 270 долари секој месец во текот на 2018 година, пишува Poslovni Dnevnik.

Распределбата на 13 милијарди долари преку овој декрет е показател за грижата на нашата влада за удобноста и квалитетот на животот на луѓето“, изјави саудискиот министер за култура и информирање Авад бин Салех Алавад.

- Advertisement -

На пензионерите и на војниците кои се борат на фронтовите против Јемен ќе им биде доделен бонус во висина од 1.330 долари. Владата одлучи да ги покрие и трошоците за ДДВ во некои случаи како на пример при купувањето прва недвижност. Кралскиот план за исплата на пари треба да го надомести неодамнешниот пораст данокот од 5% на основните производи како храната и комуналиите, како и растот на цената на нафтата.

Минатиот месец Саудијците претставија програма наменета за раст на приватниот сектор вредна 19,2 милијарди долари. Во рамките на проектот Vision 2030, кој има за цел отворање на земјата и диверзификација на економијата принцот Мохамад бин Салман донесе строги казни во борбата против корупцијата и уапси 200 најбогати поединци во земјата, чиј имот се проценува на 800 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -