Центарот за управување со знаење го претстави проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“

- Advertisement -

Центарот за управување со знаење од Скопје денес во своите простории го презентираше проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“ во кој се вклучени како партнер организација покрај други пет партнер организации од Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.

Проектот е поддржан од Интерег Балканско Медитеранската програма 2014 – 2020 на Европската унија, а неговата приоритетна оска, како што гласи и името, се претприемништвото и иновациите. Целта е да се промовира регионалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста на Балканско – медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење за студенти и претприемачи.

Преку проектот ќе се воспостави соработка помеѓу партнерите и заинтересираните страни во проектот односно институциите за обука и образование и бизнисот. Исто така проектот има за цел да ги зајакне економските и деловните односи меѓу заедниците, да поттикне економски развој, да создаде нови работни места и да ја поттикне конкурентноста на малите и средните претпријатија. При тоа, ќе се промовира одржливиот развој на национално и транснационално ниво.

- Advertisement -

„Областите кои планираме да ги покриеме се информатичките технологии за кои сме задолжени ние од Центарот за управување со знаење, потоа енергијата од Кипарскиот институт за менаџмент, ќе бидат покриени искуствените индустрии од нашиот партнер од Бугарија, животната средина и еко индустријата од страна на албанскиот партнер и на крајот технологијата покриена од грчкиот партнер. Во овие пет тематски области ќе го имплементираме i3 моделот на обука, односно идеи, инвенции и иновации.“, изјави д-р Андријана Богдановска, директорка на Центарот за управување со знаење.

Таа уште додаде дека наскоро ќе биде отворен и повикот за компании и претприемачи кои ќе можат да се пријават за учество во проектот, а вкупно ќе бидат избрани 50 компании, односно по 10 компании или претприемачи од секоја држава. Изборот ќе биде извршен според критериуми како образование, професионално потекло, потенцијал за личен развој, претприемачки вештини, познавање на јазици итн.

- Advertisement -

Проектот се одвива во периодот од август 2017 до јули 2019 година. На крајот ќе биде заокружен со голем саем во Софија, Бугарија каде компаниите од секоја земја ќе го презентираат својот бизнис или идеја. Повеќе за проектот може да се прочита на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -