Како можат компаниите да поттикнат повеќе иновации?

- Advertisement -

Брзината со која се случуваат револуционерни промени во сите индустрии се зголемува поради што способноста за воведување иновации во работењето е веќе еднакво клучна како за малите, така и за големите компании.

Сведоци сме дека многу големи компании лансираат свои програми за иновации, акцелератори, лаборатории за производи и фондови. Меѓутоа резултатите од овие проекти се измешани.

- Advertisement -

Компаниите најчесто користат одреден вид на технологија кога сакаат да внесат иновација во својот производ. Причините поради кои овој процес е тежок за големите компании е поради тоа што тие веќе се успешни, работат на зрели пазари и имаат долготрајни врски со своите клиенти. Поради ова многу од нив се соочуваат со дилема дали да транзитираат од сигурна позиција со докажан производ кон позиција на воведуање нов и иновативен производ.

Она што претставува дополнителен предизвик за компаниите се и бизнис трендовите за кои компаниите се чувствуваат форсирано да ги следат. Не секогаш се работи за промена во однос на технологијата, туку за имплементирање на нови бизнис модели и креирање нови работни места кои порано не постоеле. Економијата на споделување, облак – платформите, Интернет нештата и вештачката интелигенција го менуваат начинот на кој бизнисите ги менаџираат своите активности и комуницираат со своите клиенти.

- Advertisement -

Како можат големите компании да воведат иновации, и тоа побрзо и поефикасно?

Некои бизниси веќе сериозно инвестираат во структурни промени и имплементирање процеси кои ќе овозможат редовно и одржливо иновирање. Ова се започнува со поставување јасна слика за тоа што сака компанијата да постигне со ваква програма. Целите за почеток може да варираат од подобрување на постоечките операции, пронаоѓање можности за раст или одржување предност пред конкуренцијата.

- Advertisement -

Најчестиот пристап во успешно имплементирање на нови технологии и иновации е адресирање на генерален проблем кој создава проблеми за компанијата или за нејзините клиенти. Ова не значи дека компанијата треба да имплементира нови технологии само поради тоа што технологиите се достапни и популарни, туку ќе ги воведе со цел да пронајде решенија. 

Втор клучен фактор е да се разбере како новите производи/решенија ќе преминат од иновација до постојан дел од бизнисот. Ова значи дека секој менаџер, лидер и вработен во компанијата ќе се посвети на програмата.

Најуспешните иницијативи за воведување иновации вклучуваат посветеност од секое ниво, добра интегрираност на иновацијата во бизнисот и стратегијата на компанијата и луѓе кои се подготвени да искусат нови нешта. Големите компании не само што можат да иновираат, туку веќе и мораат!

Сподели!
- Advertisement -