Најголем број од македонските големи и средни компании, односно 73% од нив се сопственост на мажи, а во 67% тие се генерални менаџери.
Жени менаџираат во 33% од компаниите, а само 27% се сопственички, покажуваат резултатите од истражувањето нааправено во рамките на проектот „Еднаква моќ за жените“ во реализација на Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија.
Затоа, како што посочуваат од Институтот за комуникациски студии – Скопје, ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.
Во рамките на овој проект денес во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.
Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.
Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две и пол години.