Седум совети кои ќе ви помогнат кога барате покачување на плата

- Advertisement -

Секој вработен посакува поголема плата од таа што ја добива. Меѓутоа не секој знае како на вистинскиот начин да побара покачување. Психологијата вели дека ова се седум најефективни начини како да побарате покачување

1. Облечете се во црвено или сино – бојата на вашата облека влијае на тоа како другите околу вас ве перципираат. Црвената облека ве прави да изгледате самоуверено, додека пак доколку се облечете во сино, тоа дава знак дека сте човек на кој може да му се верува.

2. Побарајте покачување во четврток – според студија направена на McGill University, луѓето најчесто не се согласуваат на поголемиот дел од нештата кои ќе им ги побараат на почетокот на неделата. Но кога ќе дојде четврток, тие стануваат пофлексибилни и поотворени за преговарање.

- Advertisement -

3. Побарајте покачување во текот на утрото – кога човечкиот ум ќе се умори од носење одлуки во текот на денот, најчесто шефот нема да се согласи доколку побарате покачување при крајот на работниот ден. Осигурајте се дека кога ќе сакате да побарате покачување, ќе му се обратите на шефот наутро.

4. Копирајте го однесувањето – доколку ги имитирате манирите на соговорникот, тоа ви ја олеснува комуникацијата. Ова се вика ефект на камелеон и се користи кога сакате да си ја зголемите допадливоста и да го свртите муабетот во ваша корист.

- Advertisement -

5. Прифатете ја тишината – луѓето најчесто гледаат да ја пополнат тишината доколку истата се јави при еден разговор. Доколку добиете понуда за поголема плата, дадете си малку време пред да одговорите. Ова можеби ќе му даде знак на вашиот шеф да ви даде поголема понуда.

- Advertisement -

6. Предложете рамки за платата – пред да го почнете разговорот, одлучете која сума ќе ја побарате и гледајте истата да одговара на вашата позиција и на потребите. Понудете му на шефот и рамка во која сакате да се движи покачената плата, со тоа што ќе се осигурате дека ви одговара и најниската сума која ќе ја побарате. Предложувањето на ваква рамка ќе ја покаже вашата флексибилност и ќе ги зголеми шансите да постигнете договор.

7. Треба да ја знаете вашата вредност – самодовербата е клучна за успешни преговори. Започнете го разговорот со тоа што ќе покажете дека знаете колку точно придонесувате за бизнисот и како вашиот придонес ќе ѝ овозможи на компанијат да ги оствари своите цели.

Сподели!
- Advertisement -