Нов тест за анализа на крвта открива осум различни типови на рак во рана фаза

- Advertisement -

Познат како течна биопсија, овој нов тест е значително различен од стандардната биопсија. Истражувачите кои го развиле тестот велат дека истиот може да детектира присуство на осум типови на рак. Именуван како CancerSEEK, тестот ги детектира малите количини на ДНК и протеини кои ракот ги испушта во крвотокот. Ова подоцна може да даде индиции за присуство на рак на јајници, црн дроб, стомак, панкреас, хранопровод, дебело црево, бели дробови и рак на дојка.

Како што пишува National Post, oвој тест исто така е помалку инвазивен и нуди можност за рана дијагноза. Може да се направи истовремено со рутинскиот тест за анализа на крвта како кога сакате да си го проверите хемоглобинот и холестеролот. Но за сега тестот е неколку години далеку од користење на клиниките.

- Advertisement -

Долг период пред ракот да почне да предизвикува симптоми, дури и најмалите тумори започнуваат да испуштаат мали количини на мутирана ДНК и протеини во крвта кои се уникатни и содржат карактеристики кои не се типични за здравите клетки. Овој тест е направен да ги детектира токму овие клетки и буквално ја наоѓа „иглата во сеното“.

- Advertisement -

Тестот бил тестиран на преку 1 000 луѓе кои се веќе заболени до различни типови на рак и успешно го детектирал ракот кај повеќе од 70% од оние кои се болни од рак на панкреас, јајници, црн дроб, стомат и хранопровод. За овие типови на тумори моментално не постојат тестови за рано дијагностицирање.

Освен што детектирал рак, во 83% кај пациентите тестот точно предвидел за каков тип на рак се работи. Истражувањето е објавено во научното списание Science и предводено од тим од универзитетот Johns Hopkins во соработка со австралиски научници од Walter and Eliza Hall Institute.

- Advertisement -

Моментално се одвиваат дополнителни тестирања ширум САД и тестот им се нуди и на илјадници здрави луѓе. Резултатите од тестовите спроведени кај овие луѓе потоа ќе бидат споредени со контролна група на луѓе кои не го поминале тестирањето. Новите резултатите ќе бидат објавени во текот на наредните три до пет години.

Сподели!
- Advertisement -