Ова се десетте најпрометни аеродроми во регионот, скопскиот на петто место

- Advertisement -

Со рекордна бројка од над превезени над 25 милиони патници во 2017 година, авиобизнисот зема силен замав во поранешна Југославија. Дури девет аеродроми го дочекаа својот милионити патник.

Белградскиот аеродром и понатаму останува на врвот со превезени над 5 милиони патници лани. Двојно помалку имаат аеродромите во Загреб и Сплит, а скопскиот Александар Велики со превезени скоро два милиони патници се најде на високата шеста позиција.

Сплитскиот аеродром доживеа најголем пораст од 23,1% а аеродромот во Подгорица втора година по ред остана најпосетуван аеродром на југословенскиот простор.Најмногу летови како држава има Хрватска. Над 9,6 милиони патници лани летале преку нејзините 9 аеродроми.

- Advertisement -

Од главните градови, единствено Сараево не успеал да ја достигне бројката од милион превезени патници. Од помалите аеродроми, пак, најмалку превезени патници има Мали Лошињ од Хрватска преку кој во 2017 година летале само 6 илјади патници.

Статистиката покажува дека скопскиот аеродром бележи најголем раст од сите аеродроми во главните градови. Обемот на работа во последниве 10 години се зголемил дури 200 пати. И бројките на државниот завод за статистика го потврдуваат позитивниот тренд на македонскиот авиобизнис. Над два милиона патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година. Паралелно со порастот во сообраќајот на патници, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година. Најпосетувани дестинации во 2017 година биле Истанбул, Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. Поради УЕФА Супер купот најфреквентен ден на аеродромот во Скопје во 2017 година бил седми август кога вкупно 8.283 патници беа превезени со 98 летови.

- Advertisement -

Топ 10 најпрометни аеродроми во регионот по број на патници за 2017 година се:

1. Белград 5,34 милиони патници

- Advertisement -

2. Загреб 3,09 милиони патници

3. Сплит 2,82 милиони патници

4. Дубровник 2,32  милиони патници

5. Скопје 2,03 милиони патници

6. Приштина 1,89 милиони патници

7. Љубљана 1,68 милиони патници

8. Тиват 1,11 милиони патници

9. Подгорица 986.717 патници

10. Сараево 957.971 патник

Сподели!
- Advertisement -