Кога започнувате бизнис, првите 90 дена од постоењето на компанијата се клучни. Факторот кој одлучува дали бизнисот ќе биде успешен е брзината со која го лансирате истиот. Во првите месеци најдобро е да се фокусирате на неколку важни работи и да ги имплементирате бргу. Во овој период треба да бидете сигурни во едно нешто, а тоа се вашите силни страни бидејќи останатите елементи не зависат само од вас туку и од пазарот.
Доколку оваа година конечно одлучите идејата која ја имате подолго време да ја преточите во бизнис, исполнете ги овие дванаесет точки за да поставите силна основа на бизнисот во првите 90 дена.
7. Бидете претпазливи со вложувањето на заедничките средства
Одредени бизниси започнуваат со кредитирање од банки или професионални инвеститори, но ова не е секогаш случајот. Ова патување вие го започнувате само со вашето семејство или пријателите. Во целата еуфорија кога регистрирате стартап, треба да имате предвид дека го ризикувате не само вашиот, туку и капиталот на вашето семејство. Особено доколку сте во брак, вашиот партнер исто така ќе биде засегнат доколку не успеете.
Уште на почетокот треба да расчистите колку сте подготвени да вложите и колку од средства би можеле да вратите. Она што е најважно е да му објасните на оној кој се согласил да ви позајми пари дека не можете да знаете кога точно парите ќе му бидат вратени. Најчесто надежта на инвеститорот е дека лансирањето на бизнисот ќе биде возбудливо и профитабилно патување, но ваша улога е да останете со ладна глава.
8. За да привлечете инвеститори, фокусирајте се на големата слика, не на деталите
Кога смислувате приказна со која ќе привлечете инвеститори, не посветувајте многу време на спецификите. Кога ќе ви се пружи шанса да разговарате со некој инвеститор, шансите се дека нема да добиете повеќе од половина час да му ја претставите идејата, па наместо да зборувате за производот и за цената, раскажете за вашата визија.
Почнете со тоа што ќе ја претставите стратегијата која ја имате за наредните 12 или 18 месеци од постоењето на бизнисот и самоуверено ќе раскажете што сакате да промените на пазарот со вашиот производ или услуга.
9. Создадете функционален почетен тим
Статистиката покажала дека од сите формирани стартапи, само еден од шест започнале да работат само со еден човек. Но кога почнувате да работите со тим, уште на почетокот морате јасно да ги дефинирате улогите, очекувања и одговорностите на секого.
Ако пак го формирате бизнисот со партнер, разговарајте отворено уште на почетокот и договорете се дека и двајцата подеднакво ќе вложувате напор и време во бизнисот. Ова е особено клучно во првите 90 дена на постоењето на бизнисот. Исто така, уште на почетокот одлучете како ќе донесувате одлуки понатаму. Консензус? Демократија? Поставете ги границите уште на почетокот.
10. Пронајдете идеи во неефикасноста
Претприемачот секогаш треба да знае што е она што го придвижува финансискиот пазар и дека транспарентноста и пристапот до информации создаваат фер терен за игра буквално за секој. Во вакви околности, откријте што е она што ви е понудено во морето на информации.
11. Направете да ви платат за она што го нудите
Иако во првите 90 дена на постоењето на бизнисот не се работи за пари, парите сепак добро ќе ви дојдат. Интензивирајте ги кампањите за продажба за да видите колку луѓето се подготвени да го купат вашиот производ или услуга.
Во првиот ден од работењето, вашиот единствен производ сте самите вие. Можете да се обидете и со предвреми продажби но при тоа нека ви биде јасно дека ова е ризик кој можеби нема да можете да го исполните. Но пазарот покажува дека луѓето денес се повеќе подготвени за вакви продажби благодарение на Kickstarter или Amazon.
12. Не впуштајте се во голем ризик предвреме
Платоформите како Kickstarter и Indiegogo се светски изуми кои го променија начинот на кој стартапите се финансираат. Но не ги користете ваквите платформи предвреме бидејќи многу претприемачи грешно ја сфаќаат поентата на ваквите платформи. Не користете ги за да го процените пазарниот потенцијал туку само тогаш кога ќе имате јасно зацртана идеја за производ.