Доколку често одите на излети во природа, на кампување, едрење или на какви бло други патувања на места каде што нема пристап до електрична енергија, овој гаџет може да ви биде навистина неопходен
Уште во 2016 година успешно беше финансиран на платформите за групно финансирање Indiegogo и Kickstarter со вкупно 326.000 долари, а од неодамна малиот преносен генератор Estream се наоѓа и во продажба.
Estream е џебна хидроелектрана, односно генератор кој со помош на елиса (пропелер) кинетичката енергија од која било подвижна вода како поток или река ја претвора во електрична енергија. Вградената батерија од 6.400 mAh е доволна за да снабди доволно енергија за уредот да се наполни преку USB дури 3 пати. За да се наполни батеријата потребно е елисата да стои во поток или река околу 4 и пол часа.
Како што пренесува Bug.hr, откако поддржувачите на кампањите за групно финансирање ги добија своите примероци, Estream почна да се продава. Сите заинтересирани можат да го нарачаат онлајн по цена од 178 долари.