Во среда ќе се презентираат решенијата за намалување на загадувањето во рамки на „О2 предизвикот“

- Advertisement -

Во среда, на 24 јанураи во ,,Јавна соба’’ во Скопје, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи јавната презентација (пичинг) на десетте компании кои аплицираа и ја поминаа фазата на предселекција во рамки на пилот – проектот поврзан со изнаоѓање на иновативно решение за намалување на загадувањето на воздухот „О2 Предизвик“.

Селектираните фирми ќе се натпреваруваат да освојат сума од максимум  6.000.000 денари (100,000 евра).

- Advertisement -

Десет компании ја поминаа предселекцијата за финансирање проекти со технолошко решение за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), јавува МИА.

Од 27-те поднесени комплетни апликации на јавниот повик на ФИТР предлог проектите на десетте компаниии по оценувањето и селекцијата добија повеќе од 51 бод и преминаа во финална фаза која подразбира директна презентација пред надлежната Комисијата.

- Advertisement -

Овој предизвик го организираа Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели!
- Advertisement -