Официјално е пуштенa во употреба страницата populast.com изработена од компанијата ТАЈМ – БОРГ која стои зад популарната македонска страница time.mk
Страницата ги следи објавите на социјалните мрежи Facebook и Twitter на повеќе од 200 популарни светски медиуми како CNN, BBC, Guardian, NBC, Reuters, и многу други.
Популарноста, од таму и името на сајтот last popular news – populast, се пресметува како зголемен интерес на читателите кон одредена објава споредено со другите објави од истиот медиум. Други можности кои ги нуди страницата е да ги погледнете најдобрите постови на одреден медиум во последните 24 часа, недела и месец.
„Мотивацијата за изработка на овој сајт е да ги најдеме објавите кои пројавиле необично висок интерес кај публиката споредено со просечна објава од истиот медиум. Веруваме дека тие објави носат најмногу информации и интерес кај читателите“, вели Игор Трајковски, сопственикот на Тајм.мк.
Дополнителна можност за корисниците е што можат да ја персонализираат содржината која ќе ја читаат со дополнително филтрирање/блокирање на содржини од медиуми кои не се од нивни интерес или приказ на содржини само од посакуваните медиуми.
Корисничка сметка најлесно може да се направи со пријавување со вашиот Facebook или Gmail account. Страницата уште се надградува, а вие можете да предложите одредени медиуми, кои објавуваат на англиски јазик, да бидат додадени во системот со праќање емаил на следната адреса: contact@populast.com