17 корисни совети за оние кои работат од дома (2)

- Advertisement -

Овој совет сме го слушале одново и одново – од Ричард Бренсон, од професори од Стенфорд, од секого: ако сакате да бидете поуспешни и посреќни, работете од дома или работете флексибилно.

Имајќи го ова предвид, магазинот Inc. направил анкета помеѓу 400 луѓе кои работат од дома и била изготвена листа на совети кои овие луѓе рекле дека им помагаат ним. Еве ги останатите осум совети од листата.

10. Адаптирајте ја околината, не себе

- Advertisement -

Најдоброто нешто за работењето од дома е што можете да ја адаптирате вашата работна околина во зависност од задача која ја имате. На пример, за активности кои бараат да имате отворено неколку документи, можете да започнете од вашето биро и да работите со два монитора. Но за задача која бара креативност можете да седнете во градината или на било кое друго место во домот каде што ќе биде удобно.

11. Створете интереси надвор од работата

- Advertisement -

Вклучете се во нешто што е надвор од дома. Особено ако имате свој бизнис, работата може лесно да ве проголта бидејќи бизнисот си го гледате како дете на кое треба да му бидете посветени 24/7. Зачленете се во фитнес клуб, во клуб за читање и слично, а и редовно посетувајте театар или кино.

12. Останете активни

- Advertisement -

Доколку во одреден момент се чувствувате обземани од работата, станете од компјутерот и размрдајте се. Раздвижете ги вашите раце, нозе и рамења. Ова ќе ви направи рестарт на телото за да можете побргу да ѝ се вратите на работата.

13. Работете кога сте најмногу продуктивни

Трикот е во тоа проактивно да го споделувате времето со вашиот тим кога сте онлајн или офлајн или со клиентите доколку ги имате. На пример, ако работите со тим од друг континент каде се шест часа понапред со временската зона, тогаш закажувајте ги состаноците кога кај вас ќе биде утро.

14. Автоматизирајте го распоредот

Можете да користете алатка како Calendly која може да се поврзе со Microsoft 365 профилот доколку сте таков корисник. Системот се менаџира со тоа што ќе наведете денови или часови кога најмногу ви одговора вашите клиенти да закажат состанок со вас. Системот ќе им понуди термини само доколку тој ден ви е слободен во календарот.

15. Блокирајте ја целата недела

Многу луѓе понекогаш сакаат да блокираат денови и да се фокусираат само на одредени задачи, но можете да се обидете и со блокирање на цела недела. Една недела ќе посветите на работа за клиентите, следната ќе ја посветите на работа за сопствениот бизнис (блогови, маркетинг, финансии). Ова ќе ви помогне да останете фокусирани со тоа што нема да мора постојано да преминувате од работа со клиенти кон административна работа и обратно.

16. Поставете остварливи неделни цели 

Запишете си ги целите кои сакате да ги постигнете во неделата на табла која ќе ви биде прегледна. Постојаното бришење или означување на задачи за завршени на таблата ќе ви создаде задоволство и ќе ви го намали стресот од натрупаната работа.

17. Продолжете со вмрежување

Кога работите од дома, лесно можете да се почувствувате изолирано. Но, затоа, денес постојат алатки и за вмрежување како апликацијата Shapr каде можете да запознавате професионалци со слични интереси како вашите. Исто така секогаш можете да побарате некој од пријателите или познаниците и да се сретнете за кафе.

Сподели!
- Advertisement -