Лондон воведува места за полнење вода и фонтани за да се справи со пластичниот отпад

- Advertisement -

Лондон ќе се справува со пластичниот отпад со други алтернативи за пластичните шишиња. Наместо да се купуваат нови шишиња кои потоа ќе завршат на депонија или во океаните жителите на Лондон ќе можат да пијат вода од фонтани со вода за пиење или да наполнат шишиња од посебни места. Лондон има за цел да постави 20 нови фонтани со вода за пиење и да стартува нова иницијатива за полнење шишиња.

Градоначалникот Садик Кан се надева дека на овој начин ќе се справи со проблемот со пластичниот отпад за 3 години и ќе заштеди околу 1.050.000 долари. Иницијативата треба да биде одобрена од комитетот за буџет подоцна неделава.

- Advertisement -

Дваесетте фонтани ќе бидат поставени на почетокот на летото. Локациите уште не се потврдени, но потенцијални локации се познатите места за шопинг на Оксфорд стрит или на големите метро станици. Градоначалникот размислува да постави уште поголем број фонтани.

Што се однесува на иницијативата за локации за полнење на шишиња, која ќе стартува на пет локации во февруари или март, бизнисите ќе дозволат минувачите да полнат вода од кај нив. Ќе можат да постават знаци на прозорец или на апликација дек од кај нив може да се полни вода. Доколку ова се покаже успешно, летово ќе се прошири иницијативата на остатокот од Лондон.

- Advertisement -

Според некои статистики, жителите на Лондон се меѓу најголемите корисници на флаширана вода во Велика Британија. Просечниот возрасен жител на Лондон купува по 3,37 пластични шишиња вода секоја недела. Тоа е еднакво на 175 шишиња по жител годишно или повеќе од 1 милијарда на ниво на градот. За жал, голем дел од нив завршуваат во реката Темза, а оттука во океан.

Сподели!
- Advertisement -