Паметна етикета која покажува кога пијалакот има најидеална температура за пиење

- Advertisement -

Не сите знаат која е идеалната температура за да се пие некој пијалак. Компанијата Griffiths Brothers им помага на сите да знаат кога треба да го испијат нивниот пијалак така што го пакува во посебно шише со етикета која ја менува бојата кога е доволно изладен.

Во соработка со компанијата Royston Labels дестилеријата дизајнираше посебна етикета која користи термохроматско мастило. Тоа значи дека кога шишето, односно пијалакот во него е доволно изладен за да се пие, дел од етикетата ќе стане син, пишува PSFK.

- Advertisement -

Доколку не е доволно изладен, сината боја почнува да избледува и ви кажува дека повторно треба да го вратите во ладилник. Освен што има атрактивен дизајн, со светло и темно сини букви, исто така гарантира дека корисниците ќе можат да уживаат во најдобриот вкус на пијалакот.

Сподели!
- Advertisement -