Автоматизацијата и вештачката интелигенција во иднина би требало зелосно да променат бројни индустрии и пазарот на труд во целина затоа што роботите ќе бидат побрзи, поефикасни и поевтини од луѓето. Тоа значи дека на бројни позиции луѓето ќе станат вишок и ќе завршат на пазарот на труд, а тешко ќе најдат иста или слична работа. Според едно неодамнешно истражување, чии резултати беа претставени конференцијата на Светскиот економски форум во Давос, кои се базираат на податоци од САД, во земјата до 2026 година ќе бидат загрозени дури 1,4 милиони работни места, од кои 57% ќе припаѓаат на жени.
Како што пренесува Zimo, eдна од причините поради кои жените ќе бидат позагрозени, според истражувањето, е фактот дека некои работи и понатаму повеќе ги вршат жени како што се секретарките, а кога вештачката интелигенција ќе ја врши нивната работа тие ќе добијат отказ. Само во САД има 164.000 такви работни места.
Решението неодамна го понуди извршниот директор на Google, Сундар Пичаи. Тој изјави дека луѓето мора да се прилагодат на ситуацијата и да сфатат дека заврши времето кога сме се образувале за една професија и истата сме ја работеле цел живот. Наместо тоа, денес мора постојано да се развиваме и да учиме нови вештини за да бидеме поконкурентни на пазарот на труд.
Токму тоа и беше поентата при презентацијата на резултатите од истражувањето во Давос – способноста за преживување на автоматизацијата ќе зависи од тоа дали тие луѓе ќе стекнат нови вештини. Колку е битно образованието и стекнувањето нови вештини најдобро говори податокот како жените без нови вештини ќе можат да работат 12 работи, додека мажите 22.