Интернет нападите можеби пред неколку години можеа полесно да се игнорираат со тоа што лесно се изолираа поединечните инциденти. Но денес ситуацијата е драстично променета, па дури и Светскиот економски форум ги оцени сајбер нападите како еден од најголемите ризици за човештвото, пишува ICT Business.
Посериозни од сајбер нападите се природните катастрофи и ектремните временски непогоди. За разлика од овие две ситуации, позади сајбер нападите секогаш директно стои човекот. Предупредувањата кои ги издаде Светскиот економски форум се однесуваат на наредните пет години.
Како препораки наведени се поголема едукација, повеќе инвестиции во сигурност, превенција на нападите и подобро тестирање на софтвер, но и хардвер. Едни од најфамозните сајбер напади, WannaCry и Petya, имаат предизвикано материјална штета од 300 милиони долари. Во 2017 година, 64% од сајбер нападите биле ransomware кои не функционираат доколку не се случи човечка грешка, односно жртвата да биде наивна и лековерна.
Моментално постојат 8,4 милијарда Интернет нешта во светот, а до 2020 година би требало да бидат 20,4 милијарда и токму овие уреди можат да бидат најмногу изложени на вакви напади.