Една третина од коралните гребени во светот се преплавени со пластика

- Advertisement -

После глобалното затоплување, пластиката е една од најголемите закани за иднината на коралните гребени, велат научниците

Како што пишува N1, повеќе од 11 милијарди парчиња пластика се пронајдени во една третина од коралните гребени што покажало последното истражување на азиско – пацифичкото подрачје. Се проценува дека овој број ќе се зголеми до 15 милијарди до 2025 година. Научниците предупредуваат дека пластиката го зголемува ризикот од заболување и уништување на коралните гребени.  Пластичните ќеси и шишињата се најчести предмети во пластичниот отпад.

„Можам да кажам дека пластиката е една од најголемите закани за океаните во овој момент, освен климатските промени. Тажно е колку парчиња пластика завршуваат кај коралните гребени. Доколку успееме да влијаеме на големите загадувачи со пластика, тогаш може да се надеваме дека ќе почне да се намалува количината на пластика која завршува на гребените.“, изјавил Јол Лемб од универзитетот Корнел.

- Advertisement -

Повеќе од 275 милиони луѓе во светот зависат од коралните гребени како извор на храна и туристички приход, а да не зборуваме за нивното културно значење. Се верува дека пластиката ги развива болестите кои ги напаѓаат морските без’рбетници кои се клучни за опстанокот на гребените.

Дополнително, гранките се вплеткуваат во пластиката, што го оневозможува и движењето на рибите, а и дејноста на рибарите.

- Advertisement -

Во истражувањето објавено во списанието Science, меѓународните научници проучиле повеќе од 150 гребени од четири земји во азиско – пацифичкото подрачје од 2011 до 2014 година. Пластиката изобилува во една третина од гребените.

Коралните гребени близу Индонезија имале најмногу пластика, додека пак концентрацијата на пластика била најмала на австралиските гребени. Тајланд и Мјанмар се на средина. Поголемата концентрација на пластика не дозволува продирање на светлина и кислород до коралите, поради што патогените организми се задржуваат.

- Advertisement -

[quote]Според досегашната статистика, во океаните завршува од 4,8 милиони до 12,7 милиони тони пластика.[/quote]

Сподели!
- Advertisement -