Милениумците се познати по тоа што најчесто ги игнорираат трендовите и создаваат свои, уште се исплашени од финансиската криза и ја менуваат модерната работна сила
Брендовите и работодавачите сакаат да го освојат овој пазар на милениумците, а компаниите кои се приближуваат до оваа цел, најчесто се понапредни. За да откријат кои компании прават најмногу напори да им се допаднат на милениумците, аналитичката куќа Morning Consult спровела анкета која вклучила 221 868 испитаници.
Анкетата вклучувала најразлични прашања, меѓу кои и листа од компании во кои тие најмногу би сакале да бидат вработени. Биле вклучени луѓе од различна возраст, но милениумците дале најинтересни резултати.
На пример, YouTube се појавила како една од компаниите во кои милениумците би сакале да работат, но не и во одговорите на луѓето од генерацијата X (родени меѓу 1961 и 1981) и т.н. генерација Baby Boomers (родени меѓу 1946 и 1964). Припадниците на Baby Boomers генерацијата најчесто сакале да работат во John Deere, Lockheed Martin и Boeing, компании кои воопшто не биле застапени кај милениумците.
Еве кои се компаниите за кои милениумците се изјасниле дека им се најпривлечни и каде би сакале да работат.
9. Nike
8. Sony
7. Apple
6. Netflix
5. YouTube
4. Microsoft
3. Amazon
2. Disney
1. Google
(World Economic Forum)