Нова мобилна апликација на ПроКредит Банка

- Advertisement -

Во насока на унапредување на услугата за своите клиенти, како и по-ефикасно процесирање на плаќањата на е-банкарство ПроКредит Банка воведува нова мобилна апликација за безбедно и сигурно авторизирање на плаќања преку мобилни уреди

Новата мобилна апликација има едноставен и модерен дизајн и овозможува 24/7 авторизирање на плаќањата во домашен и меѓународен платен промет. Клиентите ги регистрираат сите налози преку своето е-банкарство, а потоа преку “pop-up”нотификации на мобилната апликација ги одобруваат или откажуваат регистрираните налози. Оваа апликација им овозможува на физичките лица контрола на сите плаќања од нивните сметки и можност за брза реакција доколку има потреба.

“Новите трендови во банкарското работење се насочени кон дигитализација и едноствни банкарски платформи каде клиентите сами ќе може во секое време да ги контролираат своите сметки. Токму поради истата причина, ПроКредит Банка континуирано вложува во унапредување на електронското банкарство. Воведувањето на оваа апликација е само еден од новостите кои ги планираме во 2018 година. Се надеваме дека наскоро клиентите ќе може целокупното банкарско работење да го процесираат преку своите мобилни и нема да има потреба да чекаат ред или трчаат во работно време во филијалите.” – изјави Горан Хаџипетров, Директор на ИТ секторот во ПроКредит Банка.

- Advertisement -

Во текот на 2017 година ПроКредит воведе и нова дигитална платформа за физички лица која овозможува online апликација за сет банкарски услуги. Преку оваа опција клиентите аплицираат за сите посакувани услуги директно преку интернет,без потреба да губат време за доаѓање во филијала.

Сподели!
- Advertisement -