Зголемена побарувачката на кредити во Македонија

- Advertisement -

Побарувачката на кредити од претпријатијата во последниот квартал од 2017 година во банките била со посилна динамика во однос на претходниот период, а банките очекуваат и во наредните три месеци да се зголемува побарувачката, јавува МИА.

Меѓу факторите во анкетата на НБРМ, кои влијаеле на зголемена побарувачка, се наведуваат позначителните поместувања во факторите од алтернативното финансирање, особено на заемите од останатите банки. Индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето-основа, со посилна динамика во споредба со претходнта анкета.

Условите по кои се одобрувале кредитите во последниот квартал според банките биле олеснети и очекуваат олеснувањето да продолжи и во наредните три месеци.

- Advertisement -

Олеснувањето произлегува во делот на каматната стапка, а условите поврзани со големината на заемот или кредитната линија, барањата за обезбедување и достасување на заемите, банките укажуваат дека се релативно непроменети.

Најголемо влијание врз олеснување на условите за одобрување на кредитите имала конкуренцијата од другите банки, од небанкарскиот сектор и од пазарното финансирање, а најголемо влијание врз заострување на условите има ризикот од неизвршување на обезбедувањето и очекувањата за перспективата на гранката на која и припаѓа претпријатието и на перспективата на поединечните фирми.

- Advertisement -

Олеснување на условите за одобрување се забележало и кај кредитите за домаќинствата. НБРМ во анкетата посочува дека интензивирање на нето-олеснувањето на условите за кредитирање се забележува кај потрошувачките кредити, како резултат на поголемиот процент на банки кои се определиле за олеснети кредитни услови. Најголемо влијание на олеснување на условите и кај кредитите за домаќинствата се конкуренцијата од други банки. Во насока на олеснување на условите влијание имале и очекувањата за вкупната економска активност.

Побарувачката се зголемила и на кредитите за домаќинствата во четвртиот квартал од претходната година. При тоа банките укажале на зголемена побарувачка на потрошувачки и станбени кредити и очекуваат да се зголеми побарувачката и во трите месеци од оваа година.

Сподели!
- Advertisement -