Триглав советува: 8 совети за безбедно возење на дожд

- Advertisement -

Некои луѓе се плашат да возат на врнежливо време, иако за тоа воопшто нема причина. Потребно е да се следат неколку совети и дождливите денови ќе ви бидат убаво искуство. Прочитајте ги 8-те клучни совети за возење на дожд од Триглав Осигурување

Избегнете го аквапланингот

Аквапланинг настанува при поголема брзина, кога предните гуми повеќе не можат да ја потиснуваат водата. Контактот со подлогата се губи ненадејно, заради што возилото не може соодветно да се управува. Во овој случај, не дозволувајте да ве обземе паника. Притиснете го кумплунгот, бидејќи тој го двои моторот од тркалата и притоа погонските тркала се ослободуваат од дополнителни сили, коишто доколку постојат, би можеле да предизвикат проклизување. Kога тркалата повторно ќе бидат во контакт со подлогата, воланот само нежно насочете го кон страната на која сакате автомобилот да се сврти. Исто така, внимателно гледајте го патот пред себе. Поголемите количини на вода, коишто го предизвикуваат аквапланингот, најчесто можат да се забележат.

- Advertisement -

Редовно проверувајте ги бришачите на стаклото

Кога ќе забележите дека бришачите оставаат линија, прескокнуваат или чкрипат, тоа е знак дека гумите се крути, испукани или оштетени и време е за нивна замена. Исто така, погрижете се да имате доволна количина на течност за миење на стаклото.

- Advertisement -

Бидете внимателни кога дождот паѓа после подолг период на сончево време

Во овој случај, на патиштата се насобира прашина, моторно масло и други нечистотии. Кога сѐ ова ќе се помеша со водата, патот станува многу лизгав. За некое време, дождот ги мие сите овие нечистотии, но дотогаш бидете внимателни и избегнувајте го наглото кочење, особено во првите неколку часа откако ќе почне да врне.

- Advertisement -

Внимавајте на пешаците и велосипедистите

Во населените места внимавајте да не испрскате пешак, или велосипедист со дождовната вода. Потрудете се да ги заобиколите вирчињата и да возите подалеку од ивицата на патот.

Не заборавајте на растојанието

Не возете премногу блиску до големите камиони, или автобуси. Поради нивната тежина, се распрснува поголема количина на вода, којашто може да го испрска вашето ветробранско стакло и додатно да ја намали видливоста. Освен тоа, бидете посебно внимателни кај претекнувањето, коешто поради слабата видливост воопшто не е препорачливо.

Задолжително запалете светла

Не само што подобро ќе ја гледате улицата, на тој начин полесно ќе ве забележат и другите учесници во сообраќајот.

Намалете ја брзината

Кога има засилен дожд и кога е тешко да се видат другите возила, сообраќајните знаци и патот, намалете ја брзината. Доколку возите пребрзо, ќе ви треба повеќе време за запирање, или прилагодвање на условите на патот. Покрај тоа, бавното возење може да ве спаси од случаен одрон на патот, којшто е честа појава при силни врнежи.

Погрижете се за добра видливост низ стаклата на автомобилот

Врнежливото време значи и поголема влажност на воздухот. Тоа може да предизвика замаглување на стаклата одвнатре. Не го вклучувајте внатрешното циркулирање на воздухот, тоа само дополнително ќе ги замагли стаклата на автомобилот. Покрај редовното чистење на стаклата од надвор, задолжително е да ги исчистите и од внатре. Премачкајте ги со некое средство против замаглување, но исто така може да помогне и лимунов сок.

Извор: http://www.triglav.rs/savetujemo/9-saveta-da-vas-auto-ne-zaplese-na-kisi

Сподели!
- Advertisement -