Глобалната кампања на германскиот мобилен оператор Дојче Телеком, на која работеше тимот на Saatchi&Saatchi од Македонија и која во изминатиов период ги освои сите можни релевантни креативни награди и признанија во светот, својата витрина со трофеи ја надополни и со Гран-при во категоријата Ефикасна употреба на технологијата на наградите WARC Media Awards 2017. Категоријата – најдобрa употреба на технологијата, ги препознава комуникациите кои ефикасно користат или комбинираат нови платформи или технологии во медиумски микс.
Кампањата, како што е познато, користеше игра за паметни телефони за да им помогне на истражувањата за деменција. Секој играч на Sea Hero Questможе да придонесе во создавањето на најголемиот извор на податоци во светот за човековата способност за ориентација и просторната навигација, како основа за поставување на споредбени параметри и стандарди за нови дијагностички тестови за деменцијата кај луѓето
Наспроти целта од 100.000, Дојче Телеком постигна 3 милиони превземања создавајќи употребливи податоци, кои се анализираат од истражувачите на два универзитета.
“Сите во жирито се согласивме дека најважно е како секој од победниците ги искористил своите маркетинг ресурси за да помогне во решавањето на поголемите општествени проблеми, на начин кој е усогласен со целта на брендот“, изјави Кристи Аргилан, виш потпретседател за маркетинг на Target и претседател на жирито.
“Ова особено се однесуваше за нашиот Гранд При победник, Дојче телеком. Тие создадоа моќна и динамичка анимирана кратка приказна за да ја подигнат свеста со првата мобилна игра на светот, дизајнирана да помогне во борбата против деменцијата. Нивната работа, заедно со останатите наши победници, зборува за тоа како технологијата може да им помогне на брендовите да прават големи работи за светот околу нас. “
Целокупната листа на победниците на на наградите WARC во категоријата – Ефикасна употреба на технологијата е достапна тука.
(Извор- Marketing365)