Uber, Lyft и 13 нивни лути ривали заедно ќе развиваат „градови во кои може да се живее“

- Advertisement -

Со цел да се подобри комуникацијата и да се направи поеколошки транспортен систем некои од најголемите ривали во индустријата за споделување превоз ги здружуваат силите. Соосновачот на Zipcar, Робин Чејс, е начело на иницијативата за промовирање на унифицирана рамка за мобилноста во иднина и за пристигнувањето на беспилотните возила. Денес 15 компании од полето на технологијата и транспортот се договорија да ги почитуваат десетте принципи за мобилност за во иднина да имаме градови во кои ќе има услови за живот. Меѓу нив се и Uber, Lyft, Zipcar, Ofo, Via, Motivate и кинескиот Didi Chuxing. Заедно овие компании се одговорни за 77 милиони патувања дневно.

Транспортот е клучен за тоа дали ќе најдете работа, дали ќе појдете на училиште или дали ќе се видите со приајтелите. Значи транспортот е клучот за се и тоа е портата кон нови можности. Принципите на кои се договорија се формулирани од академици, истражувачи и организации за транспорт, а се состојат од низа правила кои осигуруваат дека целите на бизнисите, на градските власти и на невладините организации се исти.

- Advertisement -

Се прашувате зошто овие бизнис соперници се согласија да споделуваат клучни податоци едни со други?

Основната цел е да си го осигураат сопствениот опстанок затоа што според податоци од 2016 година, 87% од сите домаќинства во САД поседуваат барем едно приватно возило, што значи дека се уште број еден средство за транспорт за Американците се приватните возила.

- Advertisement -

Друга причина за алијанста меѓу лутите ривали е затоа што коалицијата на Чејс веќе брои некои од најголемите градови во светот со метроа. Тоа е привлечна цел за компании за споделен превоз како Uber и Lyft, кои претходно беа исфрлени од големи пазари. Во однос на беспилотните возила, принпипот 10 вели дека во густо населените градски области ќе се дозволи возење само на флоти безпилотни возила за споделен превоз.

Нема гаранција дека компаниите ќе се придржуваат до принципите, но можеби и ќе го направат тоа. Како што рекол познатиот иноватор Хенри Форд: „Здружувањето е само почеток, држењето заедно е напредок, а работењето заедно е успех“.

Сподели!
- Advertisement -