Витаминот Б3 може да се користи при лекувањето на Алцхајмер

- Advertisement -

Нови истражувања откриваат дека постои соединение кое се покажало дека спречува оштетување на мозокот кај глувци, а кое претставува форма на витаминот Б3, пренесува Medical News Today. Ова истражување може да биде темелот за потенцијална терапија за лекување на Алцхајмер кај луѓето.

Витаминот Б3 претходно беше предложен како алтернатива при лекувањето на Алцхајмер. Истражувачите предводени од д-р Вилхелм А. Бор, раководителот на лабораторијата за молекуларна геронтологија на National Institute on Aging, се фокусирале на тоа како соединението NR (никотинамид рибосид) кое содржи витамин Б3 му помага на мозокот да ја регенерира ДНК, функција која е компромитирана при појавата на Алцхајмеровата болест.

Како што појаснуваат научниците, неспособноста на мозокот да регенерира ДНК води кон дисфункција во митохондриите на клетките што придонесува кон неврална дисфункција и пониска продукција на неврони.

- Advertisement -

Но NR е критичен за здравјето на митохондриите и биогенезата, поради што докторите сакале да тестираат како соединението ќе се одрази кај глувци кои имаат невролошки болести. Соединението било растворено во водата која глувците ја пиеле три месеци после што нивните мозоци и когнитивното здравје биле споредени со оние на контролната група глувци.

Истражувањето на тимот од доктори е објавено во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences.

- Advertisement -

Споредено со резултатите од контролната група, глувците кои биле лекувани со NR покажале помали количини на протеинот тау во мозокот кој инаку придонесува за когнитивни дефицити, помалку оштетување на ДНК и повеќе невропластичност – способност на мозокот да создава нови врски кога учи нови нешта, создава нови сеќавања или трпи оштетување.

- Advertisement -

Меѓутоа, нивоата на бета – амилоид протеинот останале исти и кај двете групи на глувци, протеин кој исто така придонесува кон намалување на когнитивните функции. Но истражувачите се најмногу задоволни од тоа што во хипокампусот – делот на мозокот одговорен за сеќавањето кој најчесто се оштетува при појава на Алцхајмерова болес, соединението NR овозможило отстранување на оштетената ДНК или запирање на проширувањето на процесот.

„Охрабрени сме од овие резултати кои покажуваат дека постои ефект од соединението во овој конкретен модел на Алцхајмерова болест. Планираме и дополнителни истражувања за тоа како NR или други слични соединениа ќе можат да им понудат терапевтски бенефити на луѓето со деменција.“, изјавил д-р Бор.

Сподели!
- Advertisement -