„Црниот Пантер“ премиерно во Скопје, ФХ3Х заслужна за ефектите

- Advertisement -

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на најновиот филм на Марвеловиот Универзум „Црниот Пантер“, кој вечерва премиерно ќе биде прикажан во Скопје

Ова е 18. филм на Марвеловиот универзум, за кој режијата ја потпиша Рајан Куглер, додека сценариото е на Џои Роберт Кол.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 105 артисти од септември до декември минатата година.

- Advertisement -

– Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос Ванкувер и на филмот беа изработени околу 200 кадри, а како фанови на серијалот со нетрпение очекуваме да го видиме во целост. Од извршниот уредник на Фандаго, Ерик Дејвис, најпопуларната страна за купување карти за в кино, преку Твитер порака дознаваме дека „Црниот Пантер“ ги надминал сите рекорди во продадени карти во предпремиерна продажба, и го надминал досегашниот Марвелов рекордер „Капетанот Америка: Цивилната Војна“ од 2016 година за помалку од 24 часа. За визуелните ефекти оставам да погледнете и да оцените сами, изјави Даниловски.

Според него, имајќи предвид дека премиерата беше најавена со ТВ спот со музика од Кендрик Ламар и Винс Стејплс, ниту музиката нема да ја остави публиката рамнодушна.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

„Црниот Пантер“ е филм за суперхерои, продолжение на „Одмаздниците: ерата на Ултрон“ и „Капетанот Америка: Цивилната Војна“, со кој Марвел ја отвори 2018 година во која ја прославува десетгодишнината од својата работа.

Ликот на Црниот Пантер (Т’чала) е базиран според лик од Марвеловите стрипови, а улогата ја толкува Чадвик Босман. Покрај него настапуваат Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонг, Данаи Гурира, Мартин Фримен, Анџела Басет, Форест Витакер, Летиша Рајт, Винстон Дјук и др. Во филмот, Т’чала се враќа дома како крал на Ваканда, но своето кралство го наоѓа во опасност од долгогодишен непријател, во конфликт кој може да има глобални последици, и како што самиот ќе открие: „тешко е добар човек да биде крал“.

Премиерата на филмот „Црниот Пантер“ се одржа на 29 јануари во Лос Анџелес, додека со прикажување низ кино салите во Америка ќе започне утре. Критиките кои ги доби се одлични, и е суперхерој филм со досега најдобрите критики на сајтот Ротен Томатос, надминувајќи го The Incredibles од 2004 година.

Погледнете го официјалниот траилер:

Сподели!
- Advertisement -