Научници од МИТ и Харвард креираа новa форма на светлина

- Advertisement -

Изгледа мечовите што ги гледаме по филмовите кои се направени од светлина нема да останат научна фантастика. Во една револуционерна студија тим од истражувачи од универзитетите МИТ и Харвард креираа нова форма на светлина која може во иднина да се користи за правење светлосни кристали. Уште побитно, оваа нова форма на фотонска светлина ќе може да се користи за да се направат супербрзи квантни компјутери, пренесува DailyMail.

Новата форма на светлина се појавува кога три фотони се прилепуваат еден за друг, што е неверојатно затоа што светлосните честички вообичаено не стапуваат во интеракција едни со други. На пример, доколку ставите две батериски ламби една наспроти друга ништо нема да се случи кога ќе се вкрстат сноповите светлина. Тоа е така затоа што фотоните од кои е составена светлината немаат интеракција меѓусебе и едноставно се разминуваат.

- Advertisement -

Со цел фотоните да реагираат едни на други научниците пуштиле слаб ласерски зрак низ густ облак од ултраладни атоми. Тоа го забавило движењето на атомите додека не се смириле целосно, па само неколку фотони (2-3) поминувале одеднаш низ облакот. Фотоните на овој начин имале некаква интеракција меѓусебе и се јавува еден вид привлечност.

Сега кога се знае дека фотоните можат да стапуваат во интеракција се отвораат низа можности за примена. Можно е еден ден во иднина научниците да предизвикаат таква интеракција меѓу фотоните за да се создадат мечови од светлина или светлосни снопови кои се туркаат едни со други. Доколку начиниците успеат да предизвикаат фотоните да реагираат на поинакви начини, ќе може да се вршат неверојатно брзи и сложени квантни пресметки.

Сподели!
- Advertisement -