Виз Ер Скопски маратон претстави дигитален стартен пакет за учесниците

- Advertisement -

Во соработка со Еventbaxx од Германија, Виз Ер Скопски маратон оваа година воведува иновативен новитет – дигитален стартен пакет. Организаторите на маратонот велат дека на овој начин спонзорите, тркачите и животната средина ќе имаат придобивки од новиот концепт, кој се спроведува низ целиот свет.

„Концептот, заснован на Еventbaxx и Виз Ер Скопски маратон ќе се фокусира на одржливост и дигитализација. Главната цел ќе биде потполното задоволување на потребите на учесниците. Eventbaxx ги заменува флаерите и други хартиени материјали. Така, Виз Ер Скопски маратон и спонзорите ќе можат директно да им се обратат на сите учесници“ информира организаторот.

Имено, секој тркач на својата адреса на е – пошта ќе добе дигитален пакет кој вклучува корисни информации за трката и понуди од спонзорите. Проектот за одржливост и намалување на користењето хартија е дел од концептот на Виз Ер Скопски маратон за намалување на емисиите на стакленички гасови и за зачувување на животната средина.

- Advertisement -

Пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон е во тек и на 28 февруари истекува третиот бран на пријавување. За повеќе информации може да се информирате на веб страницата на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -