Нови цени на горивата од полноќ

- Advertisement -

Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто.

- Advertisement -

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 57, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

- Advertisement -

Како причина за намалувањето на малопродажжните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 7,21 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,047 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Сподели!
- Advertisement -