Блокирањето на креативноста е нешто што ни е познато на сите и навистина е фрустрирачки кога добра идеја едноставно не доаѓа. Но секогаш постојат решенија, па без разлика дали сте писател, уметник, сопственик на бизнис или нешто друго, овие стратегии можат да ви помогнат да се ослободите од она што ви ја блокира креативноста!
1. Променете ја средината
Еден од најбрзите и најлесните начини да поттикнете нови идеи е да го променете пејзажот. Иако земањето одмор може да биде одличен лек за креативноста, многумина од нас не можат едноставно да заминат некаде секогаш кога ќе почувствуваат дека им недостига инспирација. За среќа, не мора да одиме далеку за да дојдеме до свежа средина.
Можеби вашата канцеларија ви ја задушува креативноста. Земете го својот лаптоп или нотес и појдете на сосема различно место – кафуле, различен дел од работната зграда или во парк. Понекогаш напуштањето на монотоното канцелариско место и замената со било кое друго место е токму она што му е потребно на нашиот ум.
2. Водете дневник
Добра причина зошто да почнете да пишувате во дневник е тоа што истото претставува продуктивна вежба која создава ментално место за раѓање на креативност.
Најверојатно имате нешто на ум што ви ја задушува креативноста, а пишувањето во дневник ќе ве оддалечи од тие мисли. Практиката да се пренесат мислите на парче хартија создава место во вашиот ум за нови и свежи идеи.
3. Вежбање
Понекогаш најдобриот начин како да го ослободите умот, е да го вклучите и вашето тело во процесот. Вежбањето и физичкото движење ќе направи да заборавете на она што ви ги оптеретува мислите, а да не зборуваме пак за бенефитите кои ги има за вашето здравје.
Дури и кога сте на работа, за време на паузата за ручек обидете се да правите лесни вежби кои ќе ви го опуштат телото. Доколку вежбањето не е дел од вашата секојдневна рутина, почнете со едноставни скокови и истегнување наутро.
4. Разговор
Слично како водењето дневник, разговарањето со некого за она што ве оптеретува исто така ќе ѝ помогне на вашата креативност. Некоја друга личност исто така ќе ви понуди поинаква перспектива на она што го доживувате која може да ви влијае драматично и да ви ја ослободи креативноста.
Може да станува збор за разговор со партнер, пријател или колега. Нивното видување на нештата е можеби токму она што ви е потребно да го слушнете.
Нешто што му се случува на секого!
Блокирањето на креативноста не е неуспех. Се работи за природен дел од секој креативен процес. Овој вид на борба покажува дека навистина се трудите да придонесете кон проектот, а токму во моментите кога мислите дека сте „заглавиле“, ви нудат можност за раст. Обидете се следниот пат да примените некој од овие совети и ќе увидете дека креативноста ќе ви се врати.