Руските војници од иднината ќе изгледаат како ликови од видеоигра

- Advertisement -

Руската војска е обвинета за плагијат откако го објави својот концепт за војник од иднина, која има голема сличност со ликови од видеоиграта Ghost Recon. Заменик премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, постави фотографии на Twitter за да ги покаже оклопите и напредната технологија и опрема за оружување на војниците, но корисниците на мрежата веднаш почнаа да коментираат дека изгледа како војниците од видеоиграта која е во продажба од 2012 година.

Руската војска ги негира тие тврдења и вели дека дизајнот на измислен супервојник е идеал кон кој тежнеат сите воени агенции. Рогозин објави фотографии откако се сретна со членови од парламентот во врховната руска воена агенција за истражување.

- Advertisement -

Телото на војниците ќе биде заштитено со оклоп, а главата со оклоп со визир. И двата оклопи се отпорни на вода и оган, а војниците ќе бидат наоружани со повеќе наменска пушка. Според нацртите, тежината на оклопот и на опремата е 26 килограми, а чини 45.000 долари, што е многу поевтино од тие што ги прави НАТО.

Во играта Ghost Recon има службеници кои имаат слична поза и држат слична пушка како војникот ан фотографијата на Рогозин. Благодарение на фотографиите на Twitter, играта повторно стана популарна на рускиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -