ВИДЕО: Економистот кој го предвиде биткоин уште пред дваесет години

- Advertisement -

Нобеловецот Милтон Фридман, кој е познат светски економист, уште во 1999 година зборуваше за појавата на е-валути меѓу кои и најпознатата – биткоин

Фридман уште тогаш зборувал за позитивните страни на електронските валути кои ќе го олеснат купувањето на производи и услуги на Интернет, но и предупредувал дека истите можат да се злоупотребат од криминалци и хакери кои ќе можат да вршат трансакции без трага и контрола од институциите.

Тој во својата кариера има издадено многу книги, напишано многу статии и научни трудови во областа макроекономијата, микроекономијата, економската историја, јавната политика и статистиката. Неговото учење претставува продолжение на учењето на класичната економска школа и се нарекува монетаризам, кое се залага за максимална слобода на пазарот, а мешањето на државата во економскиот живот го квалификува како погрешно и штетно. Фридман влијаел врз развојот и популарноста на либертаријанизмот.

- Advertisement -

Тој почина уште пред да се појават криптовалутите, во 2006 година.

Погледнете го видеото во кое Фридман ја предвидува појавата на криптовалутите. Видеото е на англиски јазик.

Сподели!
- Advertisement -