Овие книги ги инспирираат најголемите инвеститори во стартапи!

- Advertisement -

Освен што поддржуваат многу успешни компании во светот, што прават познатите инвеститори во ризичен капитал како што се Марк Андреесен, Мери Микер и Џош Копелман која не ги откриваат идниот Facebook, Uber или Whatsapp?

Се разбира, читаат. И тоа читаат многу, како што пишува Visual Capitalist. Ова тврдење се базира на блогерот Џо Ховде од популарниот подкаст 20 Minute VC, каде што има интервјуа со најпознатите инвеститори во ризичен капитал.

Се прашувате кои книги ги читаат најмногу? Е па доколку сакате да го разбудите идниот претприемач или инвеститор во вас, во продолжените Светскиот економски форум наведува три наслови. Не е чудо што трите најобожавани книги на инвеститорите се од колеги претприемачи и инвеститори.

- Advertisement -

Најцитираната книга кај инвеститорите е The Hard Thing About Hard Things на Бен Хоровиц. Хоровиц ја води групацијата за инвестиции во ризичен капитал Andreesen Horowitz во Силиконската Долина и досега има инвестирано во многу познати стартапи слични на Airbnb, Twitter и Facebook. Како поранешен претприемач, тој ги раљскажува искуствата и лекциите кои ги научил додека развивал стартап во време на пукањето на дот-ком балонот.

- Advertisement -

Zero to One на Питер Тиел е на второ место. Книгата се фокусира на тоа како идните стартапи можат да најдат непополнет простор на пазарот за да пласираат иновативни производи. Тиел е легендарен инвеститор во Силиконската Долина, а најмногу е познат како соосновач на PayPal.

- Advertisement -

На последно место е книгата The Lean Start-Up на Ерик Рајс. Ерик во книгата развива методологија за менаџмент за стартапи базирана на јапонскиот концепт за еколошко производство, односно принципи за намалување на отпадот кај модерните компании базирани на веб.

Сподели!
- Advertisement -