Google Assistant ќе зборува околу триесет јазици до крајот на годинава

- Advertisement -

Виртуелниот личен асистент на Google кој се активира гласовно, до крајот на годината би требало да зборува околу триесет светски јазици меѓу кои и норвешки и хинду, пренесува N1.

Google сериозно инвестира во тоа Google Assitant да стане број еден гласовен асистент во светот и да со повеќе корисници од гласовниот асистент на Amazon кој се вика Alexa кој функционира само на англиски јазик.

За сега, гласовниот асистент на Google работи на осум јазици, а новите јазици кои ќе бидат воведени се дански, холандски, хинду, индонезиски, норвешки, шведски и италијански.

- Advertisement -

Останатите технолошки гиганти како Microsoft, Apple и Samsung исто така имаат гласовни, виртуелни асистенти. Тие се активираат со гласовни команди. Присуството на ваквите виртуелни асистенти ќе придонесе компаниите да навлезат во секојдневието на потрошувачите и според тоа да знаат какви услуги да понудат.

Сподели!
- Advertisement -