Почнаа Академијата за маркетинг и ПР и Академијата за графички дизајн на Creative Hub

- Advertisement -

Creative Hub од Скопје деновиве објави дека за првпат, успешно ги лансираа нивните два нови проекти – Академијата за маркетинг и ПР и Академијата за графички дизајн. Програмите, односно академиите ќе се одвиваат во текот на наредните четири месеци, а оние кои ќе ги посетуваат, ќе имаат можност да слушаат и учат од најдобрите, да присуствуваат на визитинг предавања од маркетинг елитата во Македонија, и истовремено да работат на проекти кои ќе бидат презентирани на нивното дипломирање на 1 јуни.

Академијата за маркетинг и ПР е наменета за професионалци кои веќе работат во овие области, на кои им е потребна надградена обука, како и за студенти кои допрва сакаат да навлезат во светот на  маркетингот и комуникацискиот бизнис.

- Advertisement -

Академијата за графички дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремени софтверски програми за графички дизајн, како и на предмети кои опфаќаат теми како типографија, фотографија и целосна подготовка за печат.

Обуките ги држат експерти во својата област: Сергеј Зафироски, Коста Петров, Огнена Васиљевиќ, Сузана Никифорова, Биљана Северинова, Дафинка Дина Муцунска, Горан Биџовски и други звучни имиња.

- Advertisement -

Истовремено, по завршувањето на академијата на студентите ќе им се даде можност за дообука преку платена пракса кај некој од партнерите на Creative Hub меѓу кои се домашните маркетинг агенциите – Елемент ПР, The P World, Marketing Group, Insider ID, Momentum Inc. и многу други.

Сподели!
- Advertisement -