Creative Hub од Скопје деновиве објави дека за првпат, успешно ги лансираа нивните два нови проекти – Академијата за маркетинг и ПР и Академијата за графички дизајн. Програмите, односно академиите ќе се одвиваат во текот на наредните четири месеци, а оние кои ќе ги посетуваат, ќе имаат можност да слушаат и учат од најдобрите, да присуствуваат на визитинг предавања од маркетинг елитата во Македонија, и истовремено да работат на проекти кои ќе бидат презентирани на нивното дипломирање на 1 јуни.
Академијата за маркетинг и ПР е наменета за професионалци кои веќе работат во овие области, на кои им е потребна надградена обука, како и за студенти кои допрва сакаат да навлезат во светот на маркетингот и комуникацискиот бизнис.
Академијата за графички дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремени софтверски програми за графички дизајн, како и на предмети кои опфаќаат теми како типографија, фотографија и целосна подготовка за печат.
Обуките ги држат експерти во својата област: Сергеј Зафироски, Коста Петров, Огнена Васиљевиќ, Сузана Никифорова, Биљана Северинова, Дафинка Дина Муцунска, Горан Биџовски и други звучни имиња.
Истовремено, по завршувањето на академијата на студентите ќе им се даде можност за дообука преку платена пракса кај некој од партнерите на Creative Hub меѓу кои се домашните маркетинг агенциите – Елемент ПР, The P World, Marketing Group, Insider ID, Momentum Inc. и многу други.