Велика Британија ќе дозволи да се градат нови куќи и станови на покривите на зградите и куќите?!

- Advertisement -

Во секој поголем град има огромна површина на покривите на зградите и куќите која може да се искористи за соларни панели или можеби за нови згради куќи?! Според некои информации, во Велика Британија наскоро може да стане легално да се градат нови станбени простори на покривите на постојни згради, куќи, продавници или канцелариски простори, пренесува TreeHugger.

„Одговорот на недостигот од простор за живеење не е во копање на некое неискористени земјиште или срушување на постојни градби. Мора да бидеме покреативни и поефективно да го искористиме просторот кој го имаме на располагање. Токму затоа закаме да ги поттикнеме градежните компании да бидат поиновативни и да размислат за градење на постојната архитектура за да се задоволат станбените потреби“ велат од владата на Велика Британија.

- Advertisement -

Веројатно на покривите нагоре ќе може да се доградуваат до два ката со цел да се задржи некое ниво со другите згради. Некои од градежните компании велат дека оваа мерка ќе ја зголеми понудата на станбен простор и значително ќе ги намали цените за домовите за луѓето кои по прв пат купуваат недвижност.

 

Сподели!
- Advertisement -