Ќе ги заменат ли хрватските фабрики работниците со роботи?

- Advertisement -

Дали хрватските фабрики во недостаток на квалитетни и евтини работници ќе бидат принудени да вработуваат роботи? Хрватската индустрија доколку сака да остане конкурентна и да опстане, а потоа и да расте едноставно ќе мора да инвестира во осовременување на производството

Како што пишува Glas Slavonije, фабриката Saponia интензивно се развива во изминатите 20 години и по сите кономски показатели е успешна компанија. На пример, според податоците од управата на компанијата, Saponia во 1998 година, пред да ја преземе сегашниот сопственик Мepas Mirka Grbešića, со вкупно 1.050 вработени произвела 24.500 тони производи или 23 тони по работник. 18 години подоцна, во 2016 година, компанијата има 850 вработени и на пзарот пласира 102.000 тони или 120 тони по вработен.

Продуктивноста е зголемена за повеќе од 5 пати, а тоа е резултат на големите инвестиции во современо производство. Од 1998 година до минатата година Saponia има инвестирано 52 милиони евра. Бидејќи добрите работници се потешко се наоѓаат и се се псокапи, работниците ги заменуваат токму паметни машини, автоматизирано производство или роботски раце.

- Advertisement -

Има уште голем број компании кои своето производство го подигнале од темел или го зголемиле благодарение на современа технологија. Во нив има високоавтоматизирано производство, за кое не се потребни многу луѓе. На пример, такви се фармацевстските компании. Компанијата Mlinar во своите фабрики исто така има автоматизирани процеси на производство и е успешен извозник. Color Grupa произведува камини и ќунци со помош на паметни машини и роботи, а не треба ни да се спомене дека е голем извозник.

Компанијата се занимава со производство на пружини и на високотехнолошки машини за производство на пружини кои се управуваат со компјутер, а се опремени со 12 мотори и робот. Овие машини на Phoenix се користат во целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -