Дубаи го претстави својот Hyperloop – најбрзиот копнен транспорт во светот

- Advertisement -

Министерството за транспорт на Дубаи го претстави прототипот на Hyperloop на компанијата Virgin, кој ќе може да превезува патници зо брзина од 1.200 км/ч кога ќе почне да вози во Дубаи. Тоа значи дека жителите на Дубаи ќе можат да ги поминат 140-те километри до Абу Даби за само 12 минути, за што со автомобил се потребни околу 90 минути, пренесува Daily Mail.

Концептот ни дава увид во тоа како ќе изгледаат луксузните кабини од овие футуристички транспортни средства, кои веројатно ќе почнат да сообраќаат во 2020 година. Кабините имаат навистина луксузен ентериер со кожени седишта и HD екрани каде што ќе се прикажуваат информации и забавни содржини.  Секоја кабина е дизајнирана да патува кратки и средни растојанија и може да собере до 10 патници.

- Advertisement -

Роб Лојд, извршен директор на Virgin Hyperloop One, изјави дека Обединетите Арапски Емирати и Министерството за транспорт биле првите подджувачи на оваа технологија. Крајната цел им е да направат една поширока мрежа на Hyperloop во ОАЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=mK85–PpvAY

- Advertisement -

Hyperloop се движи со помош на систем за електромагнетен погон за да го забрза движењето на кабините кои левитираат низ една вакуум цевка. Оваа брзина се постигнува со намалување на притисокот во цевките. Се очекува дека со Hyperloop ќе се превезуваат околу 10.000 патници на час од Дубаи до Абу Даби и обратно.

Кабините може да се прикачат една за друга за само 15-20 секунди или да се разделат за само 5 секунди, во зависност од дестинацијата. Опремени се со камери и електромеханичка технологија за прикачувањето и откачувањето да може да се врши во движење.

Сподели!
- Advertisement -