Со неколку клика до осигурителна полиса од Кроација осигурување

- Advertisement -

За да го олесни пристапот до полисите за осигурување од страна на корисниците, Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување, воведе нова платформа moja.croatia.mk за купување и обновување полиси на интернет и преку мобилен телефон.

Оваа он-лајн платформа на корисниците им овозможува на брз, крајно еднoставен и безбеден начин да купат полиса за осигурување на домаќинството или патничко осигурување, да ја обноват постојната полиса за осигурување од авто-одговорност, а наскоро да купат и полиси за каско осигурување. Дополнително, платформата на корисниците им нуди можност да го платат преостанатиот долг по постоечките полиси, да пријават штета на осигураното возило или имот и незгода при патување, како и да добијат понуда за каско и осигурување од пожар, без да мораат да доаѓаат на некое од продажните места на компанијата.

- Advertisement -

Платформата е достапна за сите заинтересирани, преку интернет на moja.croatia.mk, а истата може да се користи и преку мобилен телефон, како апликација која бесплатно може да се симне од Play Store за андроид уредите, или преку app.croatia.mk за iPhone и останатите уреди.

„Она што ја прави платформата moja.croatia.mk единствена на пазарот е што таа на корисниците им овозможува да се регистрираат само еднаш. Со тоа се заштедува време и се олеснува обновувањето на старата или купување нова полиса, без повторно внесување на податоците. Дополнително, полисите за осигурување купени преку moja.croatia.mk се единствените на пазарот кои освен електронскиот потпис на осигурителното друштво имаат и сертификат со потпис од Клириншкиот интербанкарски систем (КИБС). Со тоа се обезбедува двојна гаранција за безбедноста на сите трансакции што корисниците ќе ги направат преку нашата платформа“, објаснува генералниот директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување, Гоце Вангеловски.

- Advertisement -

Платформата moja.croatia.mk ги следи сите последни стандарди за сигурност при он-лајн продажбата и е целосно интегрирана со централниот систем на Кроација осигурување, со што се овозможува автоматско ажурирање на сите реализирани трансакции во реално време. Со тоа корисниците на платформата повеќе нема да добиваат телефонски повици со кои ќе се потсетуваат за обврска која веќе ја подмириле.

Повеќе информации за платформата сите заинтересирани можат да добијат на www.crosig.mk

Сподели!
- Advertisement -