Напреден тренинг во Скопје за Google AdWords со Мирослав Варга, сертифициран тренер од Google

- Advertisement -

На 23 и 24 април 2018 година во Park Hotel & Spa во Скопје ќе се одржи напреден тренинг за Google AdWords со реномираниот Мирослав Варга кој е тренер сертифициран од Google и најискусниот за оваа тематика во Google Adriatics регионот. Варга е познат на домашната маркетинг сцена бидејќи беше еден од најпопуларните говорници на последната AllWeb конференција за дигитален маркетинг во Скопје.

Овој тренинг е наменет за луѓе кои активно работат на Google AdWords кампањи (имаат барем 5.000 клика во досегашните кампањи) и има за цел да ги запознае со напредни концепти на управување, мерење и оптимизирање на кампањите. Ќе се работи комплетно во рамки на интерфејсот на AdWords и на конкретни студии на случај.

- Advertisement -

На тренингот со Мирослав Варга ќе научите како со употреба на напредните функционалности на AdWords платформата вашата кампања од добра да ја направите одлична. Знаењето стекнато на напредниот AdWords тренинг ќе ви помогне да креирате уште поефикасни кампањи, со подобар квалитет, да ги елиминрате непотребните трошоци и да ќе го зголемите вашиот ROI.

Тренингот ќе опфаќа теми како структурирање на AdWords, поврзување на AdWords со Analytics/YouTube/MyBusiness, поставување на ремаркетинг, анализа на повратни податоци со поставување на фокус итн.

- Advertisement -

Бројот на учесници е ограничен, а учеството чини 14 900 денари + ддв. Доколку сте маркетер заинтересиран за оваа тематика, тогаш можете да се регистрирате на следниов линк.

Мирослав Варга е најискусниот Google Certified Trainer во Google Adriatics регионот. Има искуство со работа на повеќе од 10.000 AdWords кампањи и повеќе од 2.000 часови во оддржани тренинзи и предавања низ кои поминале над 5.000 учесници.

- Advertisement -

Варга е познат по оригиналниот стил на пренесување на знаењето, на мошне разбирлив начин, со пластични примери и со голема доза хумор што ги прави динамичните тренинзи вистинско уживање и покрај големиот обем на информации кои ги споделува.

Сподели!
- Advertisement -