По повод месецот на жената CEED Бизнис клубот ќе поддржи три жени претприемачи со годишна стипендија, односно ќе покрие 90% од целата сума за членство во Клубот.
Со ова жените претприемачи ќе добијат можност да станат дел од CEED Бизнис клубот и да ги користат поволностите што ги нуди. Сопственичките на бизниси кои преку оваа програма ќе им се придружат на останатите стотина членови на клубот ќе можат да ги развијат своите компании, како и својот личен успех.
CEED Бизнис клубот им нуди можност на претприемачите и менаџерите на микро, мали, средни и големи претпријатија, независно од индустријата во која работат, од искуството и времетраењето на фирмата, да ја зголемат продажбата, но и да го унапредат менаџирањето со компаниите преку размена на искуства и информации со други искусни претприемачи и менаџери, учење нови современи техники на менаџирање, проширување на мрежата на контакти и соработници.
Заинтересираните жени претприемачи треба да исполнат пет услови:
- досега да не биле член на CEED Бизнис клубот
- да бидат основачи на бизнисот
- компанијата да брои минимум 10 вработени
- бизнисот да постои минимум пет години
- да не бидат постари од 40 години
Рокот за пријавување е 23 март 2018 година, а сите заинтересирани можат да поднесат апликација преку следниов линк.