DigiGirlz настан на Microsoft во Скопје и Тетово за вклучување на девојчиња во ИТ

- Advertisement -

Охрабрување на младите за технологијата е една од целите на YouthSpark иницијативата на Мајкрософт. Нивната DigiGirlz програма цели кон тоа да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи затоа што нивното учество во овие полиња за работа е помало отколку што треба. Време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија.

DigiGirlz се организира низ целиот свет, а во Македонија за младите девојчиња од средните училишта се резервирани два дена, 15ти и 16ти март, во Скопје и Тетово. Првиот настан ќе се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, додека вториот ќе биде на ФИНКИ во Скопје.

- Advertisement -

За време на овие два настани успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт ќе зборуваат со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите. Воедно, тие ќе дознаат и за тоа како е да се работи во познати компании од Македонија и во Мајкрософт додатно охрабрувајќи ги дека тие можат да бидат промената која треба да ја има во општеството.

Оваа програма им овозможува на девојчињата да се запознаат со технологијата и бизнисот, им дава совети за нивните желби и кариера и им ја демонстрира моќта на тоа што можат да станат во иднина, а тоа е сопствениот и развојот на нивната заедница. Со учество во DigiGirlz програмата, младите девојчиња може да се запознаат и со бројни можности кои се наоѓаат во технолошката индустрија и да ја разгледаат нивната идна кариерна патека.

- Advertisement -

„Технологијата нуди висок спектар на професионални можности за жените и изборот најчесто зависи од целите кои тие ќе си ги постават за себе и како тие ќе се вклопат со нивните соништа.“, истакнува претставник на Мајкрософт Македонија во пресрет на DigiGirlz.

Сподели!
- Advertisement -