Едно нешто за кое сите сопственици на компании се согласуваат, е дека потенцијалните клиенти треба да се пристапуваат таму каде што тие веќе се присутни и каде посветуваат време. Токму заради тоа, Messenger маркетингот е на пат да стане најголемиот маркетинг канал во светот во текот на наредните неколку години.
Сите се соочуваме со фактот дека се повеќе оддалечуваме од мејловите, SMS пораките и телефонските разговори, а се повеќе одиме во насока на користење платформи како Facebook Messenger, WhatsApp, Viber и слични. Тоа е најбрзиот, најлесниот и најпрактичниот начин за да стапите во контакт со некого. Ова значи дека доколку испратите порака на ваш потенцијален клиент преку Facebook Messenger, шансите се многу големи дека ќе ја отворат пораката, прочитат и ќе вратат на пораката.
Последните статистики од Facebook само потврдуваат во која насока ќе се одвива маркетингот во наредните неколку години:
⇒ 1 300 000 000 луѓе во моментот се активни корисници на Facebook Messenger;
⇒ 2 000 000 000 пораки се раменуваат месечно помеѓу бизнис страните и клиентите во Facebook;
⇒ 1 од 2 луѓе викаат дека тие многу повеќе сакаат да купуваат од бизниси на кои можат инстантно да им пишат пораки на Messenger;
⇒ Над 100 000 бизниси во моментот користат Messenger маркетинг за комуникација со своите потенцијални клиенти и развој на бизнисот.
Всушност, Messenger маркетингот ги комбинира брзината на испраќање и вниманието на SMS пораките со привлечноста и автоматизираноста на мејловите. Messenger исто така изгледа многу поперсонализирано од мејловите, но помалку инванзивно од SMS пораките – што значи совршен баланс за бизнисите кои се во потрага по нов и подобар начин за комуникација со купувачите и клиентите.
Кои се маркетинг активности може да ги спроведете преку Facebook Messenger маркетингот?
- Испратите персонализирани пораки со новости и известувања
- Да споделите видео директно во Inbox
- Да направите анкета, квиз или прашалник
- Да собирате квалитетни leads
- Да ги презентирате вашите нови производи или услуги
- Да продавате ваши производи директно во Messenger
- Испраќање на промо кодови и купони
И сето тоа да биде перонализирано до секој клиент одделно, автоматизирано, брзо и лесно со неколку клика во Messenger од страна на клиентите.
Резултати и предности од користење на Messenger маркетинг
Наспроти испраќањето информации и промотивни материјали преку email, каде што процентот на отварање на мејлот е околу 20%, пораките преку Messenger достигаат досега незамисливи бројки, од околу 90% отворени пораки.
Дополнително, ако со email пораките 5% од луѓето кои ја отвориле пораката кликнале на линк во неа се смета за добар успех, тогаш Messenger пораките успеваат да достигнат бројка од 30% CTR (clich through rate).
Како бизнисите да ја искористат оваа можност?
Колку порано започнете да користите нови маркетинг техники, толку поголеми се шансите да имате успех од нив.
Моментално сме во фазата на Messenger маркетинг во која купувачите реагираат позитивно и не им е здосадено да добиваат пораки, за разлика од мејловите што ги добиваат секој ден.
Messenger маркетингот е најновиот тренд во дигиталниот маркетинг кој станува се поефикасен од ден за ден. Денес е вистински момент да започнете со Messenger маркетинг и да бидете неколку чекори пред вашата конкуренција, а се поблиску до вашите потенцијални клиенти.
Дали сте подготвени за нов победнички маркетинг пристап кој ќе ви донесе долгорочен бенефит, врз развојот на вашата компанија, продажбата и грижата на корисниците? SourceMX организира курс за Messenger маркетинг кој ќе ве научи како максмиално да го искористите новиот тренд во маркетинот и како да дојдете до подобри резултати.
Што вклучува Messenger маркетинг курсот:
- Како да го користите Messenger маркетингот
- Типови на Messenger реклами
- Поврзување со софтвери за автоматизирано комуницирање и продажба преку Messenger
- Градење на систем од автоматизирани пораки
- Генерирање квалитетни leads (лидови)
- Директна и брза комуникација со потенцијални клиенти
- Стратегии како да го зголемите бројот на Messenger subscribers
- Конкретни примери за развој на Messenger Marketing стратегии апликативни конкретно за вашиот бизнис
Кликнете на овој линк за да аплицирате.
Source MX е маркетинг агенција специјализирана за маркетинг на социјалните медиуми. Во моментот сите наши маркетинг стратегии и кампањи ги комбинираме со Facebook маркетинг кој покажува одлични резултати, како за клиентите од нашата држава, така и за клиенти кои работат на странските пазари.