Во петок конференција на Стопанската комора за новите технолошки трендови во бизнисот

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија oрганизира конференција за современите трендови во бизнисот како блокчеин технологија, алтернативно финансирање како crowdfunding, роботика и автоматизација, иднината на крипто-светот, како и етичката страна на дигиталниот пазар

Темата на конференцијата „Самит на мали земји – нови трендови во бизнисот“ ќе се одржи овој петок во Скопје. Поканети се претставници од приватниот сектор, државата и научната фела. Акцентот на дискусијата освен на дигитализацијата, ќе биде ставен и на меѓународните бизнис релации и на стартап бизнисите.

- Advertisement -

„Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од т.н. мали земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и придонесува за зголемување на нивната конкурентност.“, велат од Комората и додаваат дека зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа.

- Advertisement -

„Целта е да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови со цел континуиран пазарен успех. Конференцијата треба да придонесе за подобрување на бизнис врските преку користење современа технологија, како и визија за правецот на движење на бизнис секторот во иднина, со посебен акцент на crowdfunding моделите и иднината на крипто – светот, како и на етичките аспекти од воведувањето на новите технологии во бизнисот.“, потенцираат од Комората.

Од конференцијата се очекуваат конкретни заклучоци. Деталите за агендата можат да се видат на веб страницата на Комората на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -